Ресторани
Кулинарно патување покрај езерото
Вечерајте во прегратката на природата во хотел БИСЕР. Ви нудиме два уникатни ресторани со гурманска кујна – еден врежан во ридот, а друг сместен на брегот на Охридското Езеро, како и живописен beach bar за совршено уживање
Ресторан за свадби и настани

Искусете уникатна гастрономска атмосфера во Ресторанот за свадби и настани, каде што се спојуваат природата и елеганцијата. Делумно врежан во ридот, ресторанот има впечатлив природен карпест ѕид како позадина, како и пространа тераса со поглед кон Охридското Езеро, создавајќи уникатен и незаборавен амбиент.
Уживајте во внимателно подготвено мени што ги комбинира локалните вкусови со интернационална кујна, опкружени со природната убавина на карпестиот рид.
Ресторанот за свадби и настани нуди уникатен амбиент за сите видови семејни и деловни прослави и настани.



Ресторан БИСЕР
Единствено гастрономското искуство “од фарма до трпеза“, каде што секое јадење ги слави најсвежите состојки во регионот
Ви нудиме:
– Сезонски јадења инспирирани од локалните производи.
– Врвна кујна со мени подготвено од шеф-готвач.
– Ресторан-тераса со прекрасен поглед на езерото.
Достапни се појадок, ручек и вечера, како и специјални менија за посебни пригоди.




БИСЕР Beach Bar
Сместен на самиот брегот на езерото, БИСЕР Beach Bar е совршено место за освежување, релаксација и уживање во природната убавина.
Со тивкиот звук на брановите, освежувачкиот ветер и неверојатниот поглед на водата, барот нуди опуштена, но живописна атмосфера.
Уживајте во врвно подготвени коктели, разладени пијалаци и внимателно одбрани закуски додека се релаксирате крај водата.
Дојдете заради погледот, останете заради атмосферата – БИСЕР Beach Bar!


